Адвокатска канцеларија Алексов

Обезбедуваме професионалност, ажурност и најдобро застапени интереси на нашите клиенти

Препознатливи по брзата реакција на барањата со поткрепени и целосни правни услуги

СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА

Со специјалност во трговското и деловното право, работиме со голем број мали и средни компании, овозможувајќи темелно познавање на проблемите со кои тие се соочуваат.

Наплата на побарувања

Трговските Друштва имаат проблеми со наплата на побарувањата. Ненавремено исполнување на паричните обврски, доведува до проблеми со ликвидностa. Согласно Законот, важно е редовно исполнување на обврските.

 

Постапки пред централен регистар

Oсновањето на Трговски друштва, промените и ликвидацијата ја вршат адвокати – овластени регистрациони агенти на Централен Регистар. Согласно закон основањето се врши за 24 часа.

Тајност и заштита на лични податоци

Технички и организациски мерки за заштита на личните податоци е задолжение за Трговските Друштва кои обработуваат збирки на лични податоци. Потребно е да се донесат и имплементираат Правилници за заштита.

Договори

Договорите се најголемиот предизвик во правото. При нивно составување мора да се внимава подеднакво на интересите на сите Договорни страни. Во нив се утврдуваат правата и обврските, времетраењето, начинот на раскинување итн.

 

Изработка на правна ревизија

Правна ревизија се извршува во повеќе случаи. Тоа е процес на разбирање и оценување на сите правни ризици поврзани со промените во Трговското Друштво како: присоединување, поделба и влегување на нови содружници.

 

Застапување пред судовите на РМ

Судот расправа и одлучува за повеќе видови на постапки како: спорови за основните права и обврски на човекот и граѓанинот, за лични и семејни односи, (работни, трговски, имотни и други граѓанско-правни спорови) и кривични постапки.

 

ЗА НАС

advokatska kancelarija aleksov
Адвокат

Дејан Алексов

Адвокат Дејан Алексов е овластен регистрационен агент на Централниот Регистар на РМ, со што се овозможува обезбедување на правни услуги како основање, промени, ликвидација на Друштва и останати постапки пред ЦРРМ. Адвокатска канцеларија Алексов, специјализира во областите на трговското и деловното право и работи со голем број на млади компании, обезбедувајќи професионални услуги за своите клиенти и во останатите области како изготвување на Договори, Правна Ревизија, Заштита на личните податоци и Застапување пред судовите на РМ.

Соработник во Адвокатска канцеларија Алексов

Мартин Димовски

Мартин Димовски – соработник во адвокатска канцеларија Алексов, со професионален фокус во областите на трговското и деловното право, особено во делот на основање и вршење на промени во трговските друштва, состав на договори на македонски и англиски јазик и соработка со млади компании, односно „стартапи“.

advokatska kancelarija aleksov

Соработник за информативни содржини

Гордана Николовска

Гордана Николовска е соработник за информативни содржини во Адвокатска канцеларија Алексов, уредувач на информативниот блог од областа на стартап компаниите и регулативи поврзани со нив во земјата и ширум светот. Активно ја истражува поврзаноста на математиката и компјутерската наука со правото, со цел да се следат новите трендови и придобивките од нив, како и да се анализираат фундаменталните вредности кои се во темелот на науката за правото.

ИНФОРМАТИВЕН БЛОГ

Контaктирајте нѐ

Телефон:
+389 78 201 589

Email адреса:
[email protected]

Локација:
Аеродром, Скопје, Република Северна Македонија
ул. Руди Чајавец 16/1 – 36 Аеродром – Скопје

Контaктирајте нѐ