Бизнис ангели (може да се сретнат и како ангели или ангели инвеститори) се поединци кои инвестираат во ветувачки бизнис идеи. Инвестицијата може да биде во замена за удел во фирмата, заем, или друг вид на договор. Најчесто, бизнис ангелите инвестираат во млади стартап компании, кои имаат голем потенцијал за развој и брз напредок во претприемачкиот свет. За да се намали ризикот од инвестирање на еден бизнис ангел во една компанија, овие инвеститори често формираат здруженија/мрежи од бизнис ангели, преку кои здружените средства се инвестираат во повеќе компании.

Мрежи на бизнис ангели во С.Македонија

Во С.Македонија постојат 3 мрежи на бизнис ангели:

Здружение на бизнис ангели

ЦЕЕД Клуб на бизнис ангели

Мрежа на македонски бизнис ангели – I2BAN

Здружението на бизнис ангели е под водство на претседателот на здружението, г-дин Тоше Коцевски. Во Здружението членуваат околу 15 бизнис ангели и здружението има инвестирано во околу 5 стартап компании. Меѓутоа, нема јавно достапни податоци кои се членовите и за кои стартап компании се работи (има информација дека сите 5 стартап компании се од ИТ секторот). Во интервјуто со претседателот на Здружението, г-дин Коцевски, спроведено од македонски портал, во овие 5 стартап компании, инвестирана е вкупна сума од 300.000 евра како инвестиција од бизнис ангели.

ЦЕЕД Клубот на бизнис ангели е под водство на г-дин Јован Маџовски – ко-основач на клубот. Овој клуб е основан во 2014 година До денес, во него членуваат околу 20 бизнис ангели, а има инвестирано во 3 стартап компании.

инвестиција бизнис ангели
Просечен износ на инвестиција од бизнис ангели во С. Македонија во 2015, 2016 и 2017 година

Според извештаите од Европската мрежа на бизнис ангели (ЕМБА), може да се најдат податоци за активноситте на бизнис ангелите во С.Македонија од 2014 година па навака. Во 2014 година забележани се инвестиции со сума од 0,8 милиони евра. 

инвестиции бизнис ангели С.Македонија истражување

Повеќе за активностите на бизнис ангелите во С.Македонија, прочитајте во истражувањето „Инвестиции од бизнис ангели во С.Македонија: законска и финансиска анализа“.

Gordana

Author Gordana

More posts by Gordana