Дали може да се патентира софтвер во Европските држави?

Конвенцијата на големите европски патенти (European Patent Convention – EPC) претставува мултилатерален договор помеѓу европските држави, согласно кој се воспоставува автономен правен систем, согласно кој патент на софтвер во Европа се одобрува.
Согласно оваа конвенција интернационално патентирање на софтвер во државите во Европа (оние кои се дел од конвенцијата), Е ВОЗМОЖНО.

                                                                      Државите со темно зелено – потписнички на конвенцијата

Меѓутоа, не секој софтвер може да се патентира. Напротив, треба да бидат исполнети неколку строги критериуми за да се гарантира патент на определен софтвер. Тоа се:
Да постои изум, којшто е нов, има инвентивен чекор и има индустриска апликабилност.
Кога оваа дефиниција се адаптира на софтвер, значи дека софтверот треба да решава технички проблем на нов и неочигледен начин.

Кој софтвер не би можел да се патентира?

На пример, доколку станува збор за софтвер кој што знае да анализира индекси на берза и да дава индикации на корисникот кога и кои акции да ги купува, а кои да ги продава, односно софтвер кој што го предвидува движењето на берзата со голем степен на веројатност – не би бил погоден за патент.
Бидејки иновацијата на овој софтвер не е во техничко поле туку е бизнис метод.

Софтвер кој што може да се патентира?

Софтверот кој што анализира големи податоци за побрзо време, кој што подобрува ефикасност на процес, подобрува безбедност или компатибилност, прави компресии со поголем квалитет и за побрзо време и сл. е софтвер каде што постои веројатност да се добие патент.

Разлика помеѓу авторско право (copyright) и патент на софтвер?  

Со појавата на софтверот, се појавило и недоразирање околу тоа под каква заштита софтверот спаѓа. По големи дебати дојдено е до заклучокот дека авторското право и патентот на софтверот се комплементарни и штитат различни аспекти.

– Документ кој содржи нов процес потпаѓа под авторско право, но авторското право ќе го штити самиот документ од негово копирање и публицирање без дозвола, но не го штити самото спроведување и превземање на процесот од страна на други. Патентот пак ќе го штити самиот процес, односно и аспектот на негово превземање и спроведување од страна на друг.

Интернационално патентирање на софтвер прават компаниите кои имаат exit стратегија и планираат истиот софтвер да го продадат на големи корпорации. Со заштитата на интелектуалната сопственост, софтверот добива поголема вредност во очите на потенцијалните купувачи. Оваа заштита за големите корпорации е од значење бидејки и во случај на повреда на патентните права тие имаат моќ и финансии, повредата да ја предизвикаат на суд. Помалите компании кои што не планираат истиот софтвер да го продаваат, многу ретко го патентираат, бидејки и во случај на повреда на патентни права, истите немаа доволно финансии за да истраат судски процеси во Европа.

Aleksov

Author Aleksov

More posts by Aleksov