Се чини дека сеуште еден од најголемите проблеми на компаниите во РМ е наплатата на своите побарувања. Ненавременото плаќање на фактурите претставува проблем како за доверителот, така и за должникот. Меѓутоа, обврските за должникот неколкупати ќе се зголемат, доколку доверителот одлучи да покрене постапка за присилна наплата на тие побарувања.

Закон за финансиска дисциплина

Доколку станува збор за долг за извршени услуги, продажба во период после 1 мај 2014 година, освен главниот долг и каматата, должникот ќе биде задолжен да му плати на доверителот износ од 3.000 денари за секоја фактура за која што доцни, посебно (член 8 став 1 од Законот за финансиска дисциплина). Освен овој надомест, предметот оди во финансиска инспекција при УЈП, која по извршена контрола врз должникот, може да го задолжи со глоба која согласно Законот може да достигне и 10.000 евра.

Закон за нотаријат

Постапката за присилна наплата на побарувања, започнува со состав на Предлог за издавање на решение за нотарски платен налог од страна на адвокат. Овој предлог се доставува до надлежен нотар кој издава решение со кое го задолжува должникот да го плати долгот со камата во рок од 8 дена од приемот на решението. Во ова решение, покрај долгот и каматата, се предвидени и нотарски и адвокатски трошоци.

Закон за извршување

Доколку горенаведеното решение стане правосилно и извршно (должникот не приговара на фактот дека веќе платил, дека услугата не е извршена и др.), понатаму се доставува до надлежен извршител, каде се создаваат нови адвокатски трошоци и трошоци за извршител.

Поради горенаведените оптоварувања, честопати, доверителите во име на долгогодишна соработка, одлучуваат да не отпочнуваат постапка за присилна наплата. Во вакви случаи доверителите доставуваат опомени пред тужби или составуваат и солемнизираат Договор за регулирање на долг, во кој му дозволуваат на должникот да го плати долгот на неколку рати. Доколку должникот повторно не се придржува кон Договорот, бидејки истиот содржи извршни клаузули, се доставува до извршител за присилна наплата.

Затоа, од големо значење е временото плаќање на обврските по фактурите. На располагање е и краткорочно финансирање и кредитирање за да се зачува финансиската дисциплина во деловните трансакции помеѓу соработниците. Сепак, останува во рацете на должникот, да направи план како ќе ги подмирува своите идни обврски за да не дојде до покренување на постапка по присилна наплата во која ќе има значително зголемување на трошоците.

ПОСТАПКА ПО ПРИСИЛНА НАПЛАТА

Кој е надлежен за водење на постапката?

Во деловното работење на Друштвата, вообичаено е, определен клиент да ги плаќа втасаните фактури со задоцнување или воопшто да не ги плати. Согласно Законот за Нотаријат, надлежен за водење на постапка за присилна наплата на фактурите е Нотарот од подрачјето каде должникот има живеалиште односно седиште.

Како се одвива постапката?

Поднесување на предлог до Нотарот

Постапката започнува со поднесување на предлог за издавање на решение за нотарски платен налог. Врз основа на предлогот, Нотарот носи Решение со кое го задолжува должникот да го плати долгот во рок од 8 дена од приемот на Решението.

Фаза на достава

По изготвување на Решението следи фазата на достава до должникот. Оваа достава, ја вршат Друштва за поштенски услуги кои соработуваат Нотарот. Доставата се врши уредно – на рака – со потпис од примачот (доколку одбива да прими, се става забелешка – и повторно се смета за уредна достава). Откако ќе има уредна достава, започнува да тече рокот од 8 дена. Во овој рок, должникот има право да достави приговор до Нотарот, доколку смета дека Решението е неосновано.

Правосилност и извршност

Ако должникот достави приговор во рокот од 8 дена, Нотарот ги доставува документите во судот и постапката продолжува таму, каде се докажува основаноста на Решението. Доколку должникот не поднесе приговор во рок од 8 дена од приемот, Решението станува правосилно и извршно, со што следува присилната наплата преку Извршител.

Која е рамката на трошоците?

Покрај главниот долг, во Решението на Нотарот, должникот ќе се задолжи да му плати на доверителот и Нотарски трошоци (утврдени според Нотарската тарифа – член 27) тука. Адвокатски трошоци (утврдени според Адвокатска тарифа – член 8) тука. и останати трошоци во кои спаѓа: судска такса, трошоци на Нотар за достава, материјални трошоци.

Нашата адвокатска канцеларија има профил и на интернационалната платформа за посредување за наплата на побарување – debitura и нашиот профил можете да го проверите на следниот линк.

Aleksov

Author Aleksov

More posts by Aleksov