Адвокатска канцеларија Алексов е основана од адвокат Дејан Алексов. Нашата канцеларија специјализира во областите на трговското и деловното право и работи со голем број на млади компании. Нашата канцеларија обезбедува професионални услуги за своите клиенти и во останатите области како изготвување на Договори, Правна Ревизија, Заштита на личните податоци и Застапување пред судовите на РМ. Адвокат Дејан Алексов е овластен регистрационен агент на Централниот Регистар на РМ, со што се овозможува обезбедување на правни услуги како основање, промени, ликвидација на Друштва и останати постапки пред ЦРРМ

Мартин Димовски – соработник во адвокатска канцеларија Алексов, со професионален фокус во областите на трговското и деловното право, особено во делот на основање и вршење на промени во трговските друштва, состав на договори на македонски и англиски јазик и соработка со млади компании, односно „стартапи“.